Се ПРОДАВА/ИЗДАВА Луксузна Куќа во Злокуќани

Се Продава, 1.300.000 EUR

Оглас број: 0000413
Огласот е посетен:   939 пати

Тип на недвижноста : Куќи

Ориентација : Сите

Година на градба : 2002

Квадратура : 780 m2

Соби : Поголеми

Состојба : Нов

Кат : 2

Балкон : Да

Подрум : Да

Лифт : Не

Греење : Друго

Инвентар : Празен

Шифра : 6040


Опис на недвижноста

Се ПРОДАВА/ИЗДАВА луксузна куќа во Скопје во населба Злокуќани со површина од 780м2 на плац од 2200м2. Објектот има 6 спални соби и 10 купатила. Има гаража за 2 возила и во дворот место за уште 4. Во подрумскиот дел има специјална просторија за перална и сушална, како и просторија каде има маса за пинг понг, справи за вежбање, трака за трчање, статичен велосипед, кош. Во подрумскиот дел има и коктел рум, просторија од некои 50 m/2 која е предвидена за правење семејни прослави и забави како би се избегнало правењето неред во стамбениот дел. Дворната површина е хортикултурно уредена, има сопствена бушотина за техничка вода. Дворот се наводнува со автоматски систем на прскалки. Во дворот се присутни 3 места за седење и одмор со вградени маси и столици од кои едното е целосен летниковец со летна и затворена кујна и купатило, ѕидани скара и фурна. Во дворот има и фонтана од камен, како и базен со димензии 12,5m x 6.5m. базенот исто така се полни со сопствена вода од бушотината. Базенот има систем за филтрација и циркулација на водата. Околу целиот имот има ѕид од 2,3m висина, а самиот објект е обезбеден со алармен систем и камери за видео надзор.Објектот се грее со сопствено парно на нафта, а има и клима уред во секоја просторија. Се работи за објект кој е релативно нов, завршена изградба 2002 година, вселен 2005 година. Цена за продажба е 1.300.000еур. Куќата се ИЗДАВА за цена од 3000еур на подолг период. Шифра 6040
Повеќе
Сподели :